Принцот Ендрју ги отфрли обвинувањата за педофилија бидејќи не се сеќава на девојките

326 прегледи

Принцот Ендрју , син на кралицата Елизабета и прат на принцот Чарлс, се вовлече во незгодна ситуација поради своето блиско пријателство со американскиот милијардер Џефри Епштајн, осудуван педофил.

Педофилскиот скандал на принцот Ендрју го распарчи кралското семејство, а со месеци се шпекулира дека принцот и тоа како е вплеткан во аферата која му стави крај на американскиот милијардер. Џефри си го одзеде животот во својата затворска келија во Менхетен во август годинава, а неговиот случај инкриминираше голем број јавни личности за кои постоеше сомнение дека учествувале во подведувањето на малолетнички.

Синот на кралицата Елизабета во последно време се почесто се наоѓа на насловните страници на таблоидите поради сведочењето на девојките кои наводно спиеле со него, а немале 18 години. Откако Вирџинија Робертс излезе во медиумите со својата приказна за тоа како спиела со принцот во Лондон во раните 2000. кога била малолетничка, Ендрју сфати дека ќе мора сам да ја изнесе својата страна од приказната во јавност, иако до тогаш мудро ќутеше.

Бакингемската палата му го чуваше грбот и остро ги демантираше сите обвиненија во неколку наврати, но сега принцот откри дека не се сеќава дека некогаш воопшто се запознал со жената која го обвини, а камо ли да спие со неа.

– Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнал со оваа жена – рече тој во интервјуто за BBC, за Верџинија која изјавила дека принцот ја прислил да имаат секс кога имала само 17 години.

Покрај тоа тој рекол дека не може да се сети дека било кога се сретнал содевојка за која мислел дека е во недоличен однос со Епштајн.

Принцот исто така рекол дека секој ден се кае за тоа што продолжил да ги посетува педофилските куќи на Епштајн по неговото ослободување од затвор во 2010 година. Американецот издржуваше затворска казна откако во 2008 беше осуден за подведување девојки на Флорида.

Оваа година, Епштајн повторно заврши зад решетки поради обвиненијата за секусално злоупотребување малолетнички. Тој беше обвинет дека организирал синџир за педофилија и доведувал млади девојки кај своите богати пријатели, а поради сето тоа си го одзеде животот.

Слични содржини