Принцот Хари бесен: Очекува извинување по прославата на јубилејот на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Експертот за кралското семејство и биограф, Ангела Левин, тврди дека принцот Хари бил многу, многу вознемирен што тој и неговата сопруга Меган Маркл биле главно игнорирани од другите членови на кралското семејство на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, пишува Mirror.

– Бесниот принц Хари смета дека треба да му се извинат откако во голема мера беше игнориран на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата – рекла Анџела.

Хари и Меган присуствуваа на само еден настан на прославата – службата за Денот на благодарноста во катедралата  минатиот петок. Тие седеле во вториот ред од катедралата, спроти принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, а паровите не комуницирале меѓусебно, ниту размениле контакт со очите. Исто така, двајцата браќа кои ги заладија односите не се сретнале приватно. Освен на церемонијата Trooping the Color, Хари и Меган не се видени на ниту еден друг кралски настан.

Анџела, која веќе една година пишува биографија за Хари со него, рече дека мисли дека принцот е апсолутно бесен.

– Мислам дека е многу вознемирен што главно го игнорираа. Сè уште чувствува дека треба да му се извинат – рекла таа.

– Но тој е тој што треба да се извини. Не можете само да бидете груби со луѓето и да очекувате тие повторно да ви ги отворат срцата – изјави Хари минатата година за време на интервјуто со Опра Винфри, мислејќи на неговиот брат Вилијам.

Хари и Меган сакале фотограф да го овековечи моментот кога кралицата првпат ја запознала нивната ќерка Лилибет. Девојчето, кое наполни една година во саботата, ја запознала својата прабаба минатиот викенд, откако им се придружила на нејзините родители и братот Арчи на патување во Велика Британија. Меѓутоа, според изворот, кралицата не сакала овој приватен момент да биде фотографиран.

Неименуван извор изјави за „Сан“:

– Хари и Меган сакаа нивниот фотограф да го овековечи моментот кога Лилибет ја запозна кралицата. Но, им било кажано дека нема шанси. Тоа беше приватен семеен собир.

Наместо тоа, беше објавена фотографија од Лилибет на нејзиниот прв роденден.

Слични содржини