Притвор за осомничен за криумчарење злато и девизи на ГП „Богородица“

од Radmila Tasevska

Осомничениот, на 16 декември, избегнувајќи ја царинската контрола преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, на излез од Република Северна Македонија, во автобус со турски регистарски ознаки, пренел непријавена стока од големи размери, во вкупен износ од 23.286.120 денари.

При детален преглед на автобусот, на левата страна од моторот во специјално направен бункер, биле пронајдени 11.960 грама 14-каратен златен накит спакуван во 23 пакувања, кој осомничениот не го пријавил на царинските работници, како и девизни средства – 262.500 американски долари и 154.000 евра сите во разни апоени спакувани во 16 пакувања.

Бидејќи оцени дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да ја попречува истагата со влијание врз сведоците и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати прелдогот и му определи притворска мерка во траење од 30 дена.

Слични содржини