Притвор за шефот на железничката станица во Лариса: Му се закануваат 10 години затвор

од Stefanija Kuzmanovska

На шефот на железничката станица во грчкиот град Лариса, каде што најмалку 57 лица загинаа во судир на два воза ноќта меѓу вторникот и средата, му беше одреден притвор по маратонското сослушување.

Како што пренесува порталот „Катиметини“, неговиот адвокат изјавил дека тоа било очекувано поради важноста на случајот, неговата тежина и одговорност и додал дека обвинетиот кажал се како што се случило.

Претходно беше објавено дека шефот на станицата го пренасочил патничкиот воз на погрешна пруга.

Шефот на станицата се соочува со тешки обвиненија за нарушување на безбедноста во сообраќајот, што предвидува казна од 10 години до доживотен затвор.

Тој се соочува и со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, како и обвиненија за нанесување телесни повреди.

Според обвинението, пропустите се сериозни, не само поради неговата грешка што го испратил возот во погрешна насока, туку се наведува и дека можел да го види возот како врти погрешно и да ја поправи својата фатална одлука, објавија грчките медиуми.

Во сударот на брз патнички воз, во кој имало повеќе од 350 патници, со товарен воз во близина на градот Лариса ноќта меѓу вторникот и средата, загинале 57 лица, главно студенти.

Слични содржини