Приведен скопјанец, кај него пронајдени пиштол, куршуми и девизи

од Vladimir Zorba

На 09.09.2022 во 16.45 часот на ул.„Ѓорѓи Димитров“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.И.(33) од Скопје.

Кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“, калибар 7.65 мм, рамка со пет куршуми и странски валути во поголем износ.

Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини