Приведени 18 лица не го почитувале полицискиот час

од Берта Китинска

Вкупно 41 лице не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, 7 лица се на возраст до 18 години и 2 лица на возраст над 67 години, соопштија од МВР.

Приведени се 18 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.

На 186 лица се издадени решенија за изолација, а 350 лица потпишале изјава за самоизолација.

Во државен карантин се спроведени 4 лица.

Слични содржини