Приведено лице во Скопје, пронајден кокаин

од Берта Китинска

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(22) од Скопје, соопшти МВР.

На крстосница од бул.„ВМРО“ со бул.„Партизански одреди“ тој со возилото кое го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување со кокаин, кое било пронајдено и одземено. Набргу потоа, тој бил запрен и приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини