Продолжува имунизацијата со „Спутник В“ и „Астра Зенека“ во земјава

од Берта Китинска

Вакцинацијата со  „Спутник В“ и „Астра Зенека“ продолжува во земјава.

Сите граѓани, кои примија вакцина „Астра Зенека“ во Србија, ќе можат да се ревакцинираат во земјава, по пристигнувањето на дополнителна количина од ова вакцина преку Ковакс механизмот, што според најавите се очекува да се случи до крајот на овој месец, но сепак во однос на вакцинирањето на помладите граѓани ќе се почека официјалниот став на Европската агенција за лекови.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече и дека вакцинирањето со „Астра Зенека“ кај граѓани над 77 години на пунктовите низ државата се одвива добро и без контраиндикации.

Во меѓувреме во А1 Арената „Борис Трајковски” продолжи вакцинацијата дел од припадниците на Армијата и наставниците од прво до трето одделение.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 29 март до 4 април регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 6,9 отсто во однос на претходната седмица.

Слични содржини