lisici-uapsen
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Т. (54) од Скопје, професор по физичка култура во тетовскиот универзитет, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ и „лихварство“. На 17.12.2009 година пријавениот на оштетениот Р.И. (56) од Тетово, му дал на заем 12.000 евра за што склучиле и писмен договор во кој било наведено дека за период од една година треба да му врати вкупно 18.000 евра.

Кривични за : тепачи, разбојник,дрвокрадци, фалсификатори, изманик, шверцери на мигранти, нарко-делири…

По ова, откако оштетениот неуспеал да му ги врати парите во наведениот рок, од пријавениот започнал да добива закани по неговиот живот и животот на членовите на неговото семејство се до 16.04.2014 година кога пријавениот го повикал во просториите на тетовскиот универзитет и со помош на уште две непознати лица го присилил да потпишат договор дека истиот наводно му должи вкупно 58.000 евра.

Слични содржини