Професори од УКИМ најавуват медијација пред штрајк

од Берта Китинска
158 прегледи

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува медијација пред штрајк.

Синдикатот на УКИМ на 2 јуни организираше предупредувачки протест пред Ректоратот и за крајот на тој месец планираше мирен протест пред Владата, но го откажа откако доби ветување од Владата дека нивните барања ќе бидат разгледани од министерствата за образование и наука и за финансии.

Слични содржини