„Вечерите на Женски Права“ по седми пат ќе се одржат во периодот од 07 до 12 март 2016 година.
Во текот на шесте дена ќе бидат прикажани шест исклучителни документарни филма од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и пропратни настани како изложба, конференција и промоција на книга. Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, CRPM, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институтуот за родови студии при УКИМ.
1383083_orig
Програма:
07 март 2016 година (понеделник) 20.00h. КИЦ Скопје
Изложба: Нераскажаните приказни на суперхероините 3

08 март 2016 (вторник) 09.30-13.00 ч. Хотел Холидеј Ин
Национална конференција за одбележување на
10 годишнината од Законот за еднакви можности на жените и мажите:
„Финансирање за родова еднаквост и Агендата 2030”.

8 март 2016 (вторник) 13:00 ч. КИЦ Скопје
Промоција на преводот на третиот том од едицијата
Историја на жените на западот: “Парадоксите на ренесансата и просветителството” во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.
Промотори: Проф.д-р Слободанка Марковска и
Проф.д-р Денко Скаловски

8 март 2016 (вторник) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
СЛОБОДНИОТ ГЛАС НА ЕГИПЕТ – НАВАЛ ЕЛ САДАВИ
(The Free Voice of Egypt – Nawal El Sadawi)
Египет, Германија, 2015 г, 52 мин.
Режија: Констанзе Буркард (Konstanze Burkard)
Дебата на тема:
Зошто феминизмот има толку непријатели

9 март 2016 (среда) 18:00 ч. Кинотека на Македонија
ТАНЏЕР ГОЛ (Tanger Gool)
Мароко, Шпанија, 2015 г, 84 мин.
Режија: Хуан Готје (Juan Gautier)

9 март 2016 (среда) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
ДА СИ ЈА ЗНАЕШ СЛОБОДАТА (Know Your Freedom)
ОАЕ, 2015 г, 76 мин
Режија: Суприја Шринивас, Галија ал Акили
Дебата на тема:
На две патеки: мажите и жените во спортот

10 март 2016 (четврток) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
СОЛИДАРНОСТ ОД ЖЕНСКИ АСПЕКТ
(Solidarity according to women)
Документарен, Полска, 2015, 103 мин.
Режија: Марта Џидо, Пјотр Сливовски
Дебата на тема:
Родовата еднаквост на политичката агенда

11 март 2016 (петок) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
АРИСТОФАН ВО ДНОПОЉЕ
(Aristophanes in Dnopolje)
Србија, 2015, 57 мин.
Режија: Наташа Милоевиќ, Небојша Радосавлевиќ
Дебата на тема:
Двојна исклученост: жените од руралните средини

12 март 2016 (сабота) 20:00 ч. Кинотека на Македонија
БОГ НЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА!
(God Is Not Working On Sunday!)
Германија, Руанда, 2015, 84 мин.
Режија: Леона Голдштајн (Leona Goldstein)

Слични содржини