Пронајдени две тела: Полицијата со детали за трагедијата во Демир Капија

од Nikola Popovski

Полицијата излезе со детали за денешната трагедија во Демир Капија, каде што се изврши убиство и самоубиство. Според МВР, пронајдени се две безживотни тела.

-Денеска на ден (16.05.2023) во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, информираа од МВР.

Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров во изјава за МИА го потврдил трагичниот настан, но не кажал детали за случајот. Тој изразил жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според неофицијалните информации, повозрасниот човек пукал во соседот што живеел над него во зграда, по што самиот си го одзел животот.

Слични содржини