Пронајдок на векот: Лак за нокти штити од силување

од desk2
120 прегледи

Со генерации се советуваа девојките, но и момчињата кога ќе излезат навечер да пијат пијалок од шише кое е отворено пред нив, за да се заштитат од евентуални дроги кои би им ги ставиле.

https://www.instagram.com/p/832yalhf_f/?taken-by=undercovercolors

Денес, отидовме чекор понапред, затоа што девојките често стануваат мета на сексуален напад, поради подметната таканаречена „дрога за секс“.

Одговор на оваа опасност има индустријата за убавина, верувале или не.

https://www.instagram.com/p/BSapBrzAy1_/?taken-by=studiospyra

Во последните две години на компанијата Undercover Colors се јавиле 49 инвеститори кои вложиле 5,5 милиони долари за на пазарот да се појави лак за нокти.

Имено, четворица студенти од Универзитетот Северна Каролина, дошле на идеја како да ги заштитат потенцијалните жртви на силување.

Измислија лак за нокти Undercover Colors кој ја променува бојата штом дојде во контакт со дрога за силување.

Првиот концепт на производот бил студентски проект од 2014 година.

Потребно е кратко време лакираниот нокт да дојде во контакт со пијалокот. За тоа не треба да го ставите прстот во чашата, туку капнете некоја капка на ноктот. Ако ја смени бојата, викајте полиција.

Ако во пијалокот има руфинолзанакс или гама-хидроксибутерна киселина кои спаѓаат во најчести дроги за силување, лакот ја менува бојата.