Пропадна „Беверли Хилс“ – снимањата откажани

од Elena Daskalova

По само една сезона од римејкот, продукциската и ТВ-куќа „Фокс“ го откажа снимањето на „Беверли Хилс“, една од најлегендарните серии во историјата на телевизијата.

Иако се очекуваше дека публиката, поради носталгијата, ќе го сака и римејкот, сепак не се постигнаа ниту приближно очекуваните резултати, по што проектот е прекинат.

„Горди сме на тоа што успеавме да ги собереме на едно место актерите од оригиналната екипа, за да го оживеат овој носталгичен проект“, соопштиле од „Фокс“.

Оваа вест ја потврдил и актерот Брајан Остин Грин, кој го глуми Дејвид.

Причините за неуспехот може да се бројни. Носталгија постои само кај многу ограничен дел од публиката. Исто така, можеби недостигал и Лук Пери, кој почина во март, а беше дел од оригиналната поставка на актерската екипа.

Слични содржини