Пропадна експериментот на Маск за вградување микрочипови: Повеќето мајмуни угинале

од Nikola Popovski

Биотехнолошката компанија на милијардерот Илон Маск, „еуралинк, развива микрочипови дизајнирани да бидат вградени кај луѓето за следење и потенцијално стимулирање на мозочната активност, помагајќи да се опорават од повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок.

Експериментот веќе е применет на мајмуни. Групата за заштита на животните наречена „Одбор на лекари за одговорна медицина“ наведува дека во периодот од 2017 до 2020 година, микрочиповите на Неуралинк биле вградени во мозокот на 23 мајмуни на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, а потоа 15 од тие угинале.

По анализата на ветеринарните извештаи добиени од универзитетот, групата дошла до заклучок дека мајмуните вклучени во експериментот на Неуралинк биле злоупотребувани и, како што се наведува, изложени на екстремно страдање.

Во интервју за „Бизнис инсајдер“, претставникот на таа група Џереми Бекам изјави дека мајмуните кои го преживеале експериментот биле префрлени во објектот на Неуралинк во 2020 година пред компанијата да престане да соработува со универзитетот.

По тој повод, групата за заштита на животните се обратила и до Министерството за земјоделство, барајќи истрага, наведувајќи потенцијални прекршувања на американскиот закон за благосостојба на животните.

Неуралинк не ги коментираше овие наводи, а портпаролот на Универзитетот во Калифорнија за „Њујорк пост“ изјави дека надлежниот универзитетски одбор „темелно го разгледал и го одобрил“ проектот.

На крајот на 2021 година, Маск објави дека Неуралинк може да започне со тестирање на луѓе оваа година.

Слични содржини