Пропадна првиот, општина Чаир најавува нов повик за уривање на дивоградбата кај Мавровка

од Берта Китинска

Ниту една фирма не се пријавила на тендерот кој беше распишан од општина Чаир за уривање на дивоградбата кај трговскито центар Мавровка.

Тендерот за ангажирање на фирма за уривање на бесправно изградениот објект беше распишан на 27 јули и траеше до денеска.Од Општина Чаир велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, со истите критериуми.

Во истрагата за бесправнио изградениот објект се вклучи и единицата за компјутерски криминал на МВР. Кога ќе заврши истрагата, полицијата ќе го извести и Обвинителството.

Слични содржини