Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

од Radmila Tasevska

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава изнесува 2.219 евра, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Тоа значи дека купувачите морале да одвојат речиси две полни просечни нето плати за еден квадратен метар нов стан, која за јуни во Хрватска изнесуваше 1.150 евра.

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра. Во споредба со лани, цените во Загреб се за 6,9 отсто повисоки од лани.

Слични содржини