Прошета низ Лондон во минијатурно бикини, а поексплицитна содржина наплаќа на „OnlyFans“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Вистинските летни горештини не ја заобиколија ниту Велика Британија овие денови – рекордниот топлиот Лондон намами многу граѓани во неделата, а вистинска конфузија на улиците предизвика Лоти Мос, 23-годишна манекенка и помладата полусестра на славниот супермодел Кејт Мос (47) која низ градот прошета во бикини, ултра кратки тексас шорцеви и каубојски чизми.

Атрактивната русокоса ги покажа сите свои адути само неколку дена откако на социјалните мрежи се пофали дека се приклучила на страницата за возрасни „OnlyFans“, каде што, со гордост објави дека „ќе ја продава и својата секси долна облека“.

Ова не е прв пат Лоти да наплаќа за експлицитна содржина што сама ја создава – во февруари годинава беше откриено дека младиот модел се пријавил на платформата за возрасни „Glow“, каде што членовите можат да ги зголемат своите приходи со продажба на фанови на провокативни фотографии и видеа .

Според „Дејли меил“, одлуката на Лоти предизвикала загриженост кај нејзиното семејство и пријатели, како и модната агенција „Storm“, која ја претставува 23-годишната девојка.

– Тие се плашат дека вака ја саботира својата иднина. Што ако еден ден сака да има нормална работа? Секој сака да го заштити нејзиното ментално здравје и се надева дека ова е само фаза што ќе помине брзо. Таа соработуваше со „Chanel“ и се појави во „Vogue“, навистина ветуваше, но сега залута – откри извор близок на Лоти.

Полусестрата на Кејт им овозможува на корисниците бесплатно да гледаат некои од нејзините провокативни фотографии, но наплатува месечна претплата од 14 фунти (20 американски долари) за гледање на експлицитна содржина и до 1.000 фунти за видеа во кои таа е гола. Фановите исто така можат да и испратат директна, приватна порака со лични барања, а повеќе „жешки“ фотографии може да се отклучат за дополнителни 50 фунти (70 долари).

Слични содржини