Протекоа нови детали за случајот Деп-Херд: Вклучуваат и голи слики од актерката

од Stefanija Kuzmanovska

Иако судот во Вирџинија пред два месеца донесе одлука, според која актерката беше обвинета за клевета, драмата меѓу поранешните сопружници не стивнува.

И по песудата, во јавноста се појавија многу детали од турбулентниот однос меѓу Амбер Херд и Џони Деп.

Имено, претходно запечатените документи во судскиот случај на актерската двојка беа објавени откако обожавателите на Деп наводно платиле 3.000 долари за да ги добијат деталите за неговата борба со Херд.

Од досието од 6.000 страници, викендов беа објавени многу детали од судењето на векот.

Во овие досиеја има и докази кои двете страни сакале да ги вклучат во постапката пред главниот претрес, но судот не ги прифатил. Тука спаѓа и обидот на Џони да ги предаде разголените фотографии на актерката, додека од друга страна Амбер сакала да ги предаде вулгарните пораки разменети меѓу Џони Деп и Мерлин Менсон.

Тимот на Деп сакаше да вклучи голи фотографии од Херд, како и детали за нејзината работа како егзотична танчерка, а некои беа изненадени од овој потег на познатиот актер и заклучија дека обидот да се воведат голи слики во докази на судењето е форма на одмаздничка порнографија.

Слични содржини