,,Студентски едикт” влегува во шестиот час од протестот во Ниш кој се очекува да трае до утринските часови. Улиците на Ниш се преплавени со десетици илјад луѓе кои бараат промена на системот.
На плоштадот Крал Милан во центарот на градот има голем транспарент на кој пишува „Генерален штрајк“.
Протестот кој го организираа студентите, а ги поддржуваат и моторџии, земјоделци, уметници и спортисти, е поддржаб од локални жители кои на насобраните во паркот кај Правниот факултет им подготвуваат храна која се дели бесплатно.
Студентите на плоштадот Крал Милан им оддадоа почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица на 1 ноември во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски, а исто така, делат летоци со повик за голем собир во Белград на 15-ти март.
Студентите во Србија почнаа со протести и блокади и бараат објавување на целосна документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.