Протоколот за НАТО ќе се гласа пред распуштање на Собранието, Џафери вели нема потреба од предвремена ратификација

од Aleksandar Todeski
329 прегледи

Собранието нема предвремено да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО, откако Педро Санчез и официјално го доби мнозинството да биде легален премиер на Шпанија. Очекувањата на македонските власти е Шпанија да го ратификува Протоколот пред 12 февруари, кога се распушта Собранието и официјално собранискиот спикер Талат Џафери ги распишува предвремените парламентарни избори, за овој парламентарен состав и официјално да даде зелено светло државата да биде членка на Алијансата.

Фото: Борче Поповски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува во најкус можен рок Шпанија да го ратификува Протоколот, а целата постапка кај нас да заврши пред распуштање на Парламентот, па затоа нема потреба да се оди на предвремена ратификација. Според него, нема потреба да се постапува по владиниот предлог за итна ратификација на Протоколот.

Во меѓувреме, сите парламентарни партии се согласни дека ќе гласаат Северна Македонија и официјално да стане членка на најмноќниот воен сојуз. Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во изјава за медиумите рече дека веќе членството во Алијансата е само техничко прашање.

„Заедно со СДСМ и коалицијата е реализирана стратешката цел на државата, а тоа е интеграција на државата во Алијансата. Очекувам многу брзо да дојде ратификацијата на договорот“, рече Костадинов.

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потврди дека опозициската партија ќе гласа позитивно за членството на државата во НАТО Алијансата.

А.Т.

Слични содржини