Прозборе еден од најдобрите хрватски лекари: Се за коронавирусот, вакцините, фармацевтската индустрија, БЕЗ ЦЕНЗУРА!

од Aleksandar Petrovski

Повод за разговор со професор доктор Игор Францетиќ, најдобриот хрватски специјалист за клиничка фармакологија и интерна медицина е епидемијата на коронавирус која изби во Кина.

Тој за хрватските медиуми говори за коронавирусот, вакцините и фармацевтската индустрија.

-Епидемијата на коронавирус не може да се споредува со шпанскиот грип од 1918 година. Тој имал голема смртност заради тоа што поголемиот дел на жителите живееле во многу бедни услови, полошо се хранеле, не знаеле општи мерки. Вистинските размери на смртноста може да се утврдат дури кога епидемијата помине и кога во таа бројка се вклучат сите заболени, од млади и здрави до стари и хронично болни.

Може ли да се предвиди колку ќе трае епидемијата на коронавирус?

Постојат математички модели со кои може да се пресмета кога епидемијата ќе дојде до врвот, колку е опасна по новозаболените и колку ќе трае. За коронавирусот такви предвидувања се неблагодарни затоа што ситуацијата е многу различна од претходните епидемии. Прво зато ашто изворот на епидемија е во град со 11 милиони жители и во провинција која има 60 милиони луѓе.

На време да му се верувало на младиот лекар кој прв ги препознал симптомите на епидемијата бројката на заболени ќе била значително помала, вака епидемијата експлодирала со геометриска прогресија. Од друга страна само Кинезите може да стават 11 милионски град во целосен карантин, тоа е незамисливо во Њујорк.

Колку време треба да се пронајде лек за коронавирусот?

Нема делотворен лек кој би излечил било која вирусна инфекција, има само лекови кои ги успоруваат вирусите, но излекување нема. Затоа не чуди кога биолозите тврдат дека човештвото попрво ќе настрада од вирус, а не од нуклеарно оружје.

А што ќе биде со вакцината?

Да се пронајде вакцина за вирусна инфекција не е толку голем проблем. Таа технологија е горе-доле совладана. Потребно е да се утврди антиген, односно молекул кој потстикнува создавање антитела, да се утврди неговата структура по што може да се формира вакцина. Поедноставно кажано тоа може да се спореди со ставање клуч во брава.

Зошто е тогаш потребно толку долго време да се пронајде вакцина?

Затоа што по пронаоѓањето на вакцината мора јасно да се утврди нејзината клиничка функционалност. Тоа е многу подолга постапка. Проблем е што функционалноста на вакцината не може да се испита на заболени. Затоа таквите испитувања траат минимум, година, година и пол за точно да се утврди функционалноста на таквата вакцина.
Следен проблем е способноста на вирусот да се менува, па може да се случи вакцината која ќе се покаже многу успешна за овој тип на коронавирус, кај следната епидемија да не биде таква ефикасна затоа што се променила антиген структурата на коронавирусот.

Не се малку оние кои сметаат дека фармацевтските компании не вложуваат премногу труд и пари во пронаоѓање на нови лекови. Во последен период на пазарот годишно се појавуваат само меѓу 20 и 25 нови лекови од кои само кај два или три има остварен значаен напредок?

Груба пресметка вели дека во светот годишно се троши околу 800 милијарди долари на лекови. Тоа се големи пари, па и не чуди што фармацевтската индустрија е една од најпрофитабилните. Но тоа се менува во последно време. Профитите не се толку големи како некогаш, па фармацевстките компании немаат доволно пари за покривање на сите подрачја, од кардиологија и пулмологија до онкологија. Затоа се присилени да се специјализираат само за одредени подрачја.

Зошто има толку многу лекови за висок притисок?

Затоа што разликите меѓу старите и новите лекови за лечење на хипертензија за повеќето болни се сразмерно мали. За некои пациенти новиот лек е навистина подобар.

Што е со антибиотиците?

Тоа е подрачје од помал интерес за фармацевтската индустрија. Една од причините зошто бавно се појавуваат нови антибиотици е во тоа што антибактериските лекови по правило се применуваат за пократко време, 5 до 10 дена, неколку пати низ животот. Значи нивната потрошувачка е значително помала отколку на пример антихипертензитивите, хиполипемици, антидијабетици, антидеприсиви, кои еднаш се препишат мора да се зимаат доживотно. Сосема е разбирливо во кое подрачје фармацевтската индустрија ги насочува истражувањата.

Но претераното земање антибиотици ја намалува нивната функционалност?

Светската здравствена организација во 2010 година прогласи резистенција на бактериите на антибиотици што е еден од најголемите здравствени проблеми во светот. Ситуацијата од тогаш не се промени. Две причини се за тоа. Лекарите премногу препишуваат антибиотици. Причина за тоа се и самите пациенти кои бараат антибиотици за секој случај да имаат дома. Втор проблем е што луѓето сметаат дека зголемената телесна температура е сигурен знак за бактериска инфекција и доволна причина за примена на антибиотици. Но зголемената температура многу често предизвикува вирусни инфекции, а антибиотици на вируси не делуваат.

Слични содржини