Првата дама на САД успешно оперирана

од Stefanija Kuzmanovska

Првата дама на САД Џил Бајден беше успешно оперирана во средата кога лекарите ѝ отстранија два канцерогени израстоци на кожата.

„Канцерогеното ткиво е успешно отстрането. Внимателно ја следиме нејзината состојба, но не очекуваме дека ќе бидат потребни дополнителни процедури“, рече лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор.

Едниот израсток бил на очниот капак, а другиот на градниот кош, и тие се целосно отстранети и испратени на анализа, додал докторот, велејќи дека Џил Бајден е добро по хируршката процедура која е направена под локална анестезија.

Џил Бајден (71) е најстарата прва дама во историјата на САД, додека нејзиниот сопруг Џозеф со 80 години е најстариот американски претседател.

Слични содржини