Првата собраниска седница за годинава планирана за 10 јануари

од Stefanija Kuzmanovska

Деветти јануари е првиот работен ден за пратениците во Собранието. Започнува со редовната средба на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Од оваа кординација треба да произлезат и активностите за неделата што доаѓа. Засега за понеделник се закажани седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана и безбедност, додека во вторник на 10 јануари се очекува да се одржи првата пленарна седница за оваа година.

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе ја слушнат Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2023 година.

Седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е со една точка на дневниот ред: Предлог – одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година).

Првата собраниска седница за годинава е планирана за 10 јануари. На предложениот дневен ред на 99. седница сега се ставени 15 точки, главно закони во прво и во второ читање.

Слични содржини