Првиот фудбалски судија што стана жена, сега подготвува венчаница

од desk2
135 прегледи

 

Луси Кларк (46) пред два дена влезе во историјата како прв фудбалски судија кој излезе на терен и призна дека го сменила полот. Нејзината верна сопруга која ја бодреше изјави дека ќе остане со неа.

„Нашиот брак после се може само да зајакне“, вели Аврил и додава дека ќе ги обноват брачните завети, но овојпат двете ќе носат венчаници.

Луси и Аврил биле шест месеци во врска кога Луси и ја открила вистината.

„Секакогаш ќе и бидам благодарна што ми кажа на почетокот на нашата врска“, вели Аврил.

„Во прв момент, тоа беше шок за мене, но ако некого толку многу го сакаш, тогаш ваквите работи не се важни. За мене признанието беше големо олеснување. Кога станав другиот ден мислев дека Аврил ќе го промени мислењето“, вели Луси.

По една недела, Аврил прв пат ја видела Луси во фустан, а кога прв пат излегле заедно како две жени, Луси била пресреќна.

Кога Луси ќе го заврши процесот на прилагодување на полот во 2020 година, повторно ќе се венчаат.

„На нашата следна венчавка ќе има поубав фустан од мене“, вели Аврил.