ПСЖ негира дека Катарците се откажуваат од клубот

од Vladimir Zorba

Шпанските медиуми објавија дека катарските сопственици се откажуваат од Пари Сен Жермен и дека ќе го продадат клубот по Светското првенство. Еду Агире, новинар на програмата „Ел Чирингуито“ излезе со информација дека шеиците „фрлаат пешкир“ и го напуштаат клубот, а меѓу нив и првиот човек на клубот Насер Ал-Хелаифи се подготвува за заминување.

Веста беше претставена и во контекст на кариерата на Килијан Мбапе, кој наводно е решен да го напушти ПСЖ и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Дали тврдењата на Агире ќе се остварат сега е многу сомнително, бидејќи францускиот напаѓач би можел да остане во клубот.

Но, веста за заминувањето на сегашната сопственичка структура брзо беше демантирана со наводи дека клубот воопшто не размислува за ваква промена и дека ситуацијата ќе биде иста и по оваа сезона. Поточно, клубот чиј тим е предводен од Мбапе, Нејмар, Лионел Меси и други фудбалски ѕвезди веста ја нарече „лажна“.

Слични содржини