Путин и Зеленски ќе разговараат со африкански лидери за мировен план за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски се усогласиле да примат група африкански лидери за да разговараат за потенцијалниот мировен план за украинскиот конфликт.

„Моите разговори со двајцата лидери покажаа дека и двајцата се подготвени да ги примат африканските лидери и да разговараат како може да се стави крај на овој конфликт“, рече Рамафоса на заедничкиот брифинг со новинарите со сингапурскиот премиер.

„Дали тоа ќе успее или не зависи од дискусиите кои ќе се водат“, додаде тој.

Рамафоса нагласи дека мировниот план го поддржале лидерите на Сенегал, Уганда и Египет, додавајќи дека за иницијативата биле информирани и генералниот секретар на ОН, САД и Велика Британија.

Вашингтон и Лондон изразија „внимателна“ поддршка за мировниот план, рече Рамафоса, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини