Путин ја утврди доктрина за информациска безбедност на Русија

од desk3

Рускиот претседател Владимир Путин одобри доктрина за информациска безбедност на земјата, пренесоа агенциите. Претседателскиот указ беше објавен во рускиот официјален портал за правни информации.

“Оваа доктрина претставува систем од официјални ставови на гарантирањето на националната безбедност на Руската Федерација во областа на информатичката сфера”, пишува во документот.

 

b79b45a04388d3d7cf1b5c686b52c8a4

 

Текстот предупредува за растечките можности на други држави да влијаат врз руската новинска инфраструктура со воена цел. Овие држави ги засилуваат активностите за техничко разузнавање против руските државни органи, научни организации и претпријатија од одбранбено-индустрискиот комплекс. Тоа е еден од главните фактори со негативно влијание врз информациската безбедност на Русија, се вели во доктрината.

Документот го наведува и “зголеменото информационо влијание врз населението на Русија, на прво место младите, со цел замаглување на традиционалните руски духовно-морални вредности”.

Според доктрината расте и обемот на компјутерскиот криминал во Русија, главно во кредитно-финансиската сфера. Недоволно се развиени технологијата за информациска безбедност во економската сфера. Во ред аспекти руската индустрија во голема мера зависи од странска технологија.

путин авион

Во оваа врска за основни насоки во стратегијата за гарантирање на безбедноста на информациите “, како што пропишува воената политика на Руската Федерација”, се води стратешкото одвраќање, спречување на воени конфликти, какви што би можеле да избувнат како последица на користењето на информатичката технологија, исто така и подобрување на системот за обезбедување на безбедноста на информациите на руските вооружени сили.

“Стратешки цели на гарантирањето на безбедноста на информациите во областа на државната и јавната безбедност се заштитата на суверенитетот, одржување на политичката и социјалната стабилност, на територијалниот интегритет на Руската Федерација, гарантирањето на основните човекови и граѓански права и слободи, како и заштитата на критичната информациска инфраструктура “, се истакнува во доктрината, цитирана од агенциите.

Слични содржини