Путин нема да присуствува на погребот на Абе

од Vladimir Zorba

Претседателот на Русија, Владимир Путин, нема да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за ТАСС.

Песков изјави дека Путин нема да присуствува на погребот на Абе и дека присуството на други официјални лица зависи „од протоколарните правила“.

Тој претходно изјави дека Кремљ длабоко жали за смртта на поранешниот јапонски премиер и изрази сочувство до народот на Јапонија.

Погребот на Шинзо Абе ќе се одржи на 12 јули годинава во неговиот роден град Шимоносеки, пренесе агенцијата Кјодо.

Абе беше убиен во градот Нара вчера додека држеше говор за време на политичка кампања пред парламентарните избори во Јапонија закажани за 10 јули оваа година.

Слични содржини