Претседателите на САД и на Русија Барак Обама и Владимир Путин разговараа телефонски за сириската криза и ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, цитирана од агенциите.

0000292955-article2

Двете страни дадоа позитивна оценка на одлуките од состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија во Минхен на 11-12 февруари по хуманитарните аспекти на кризата, режимот за прекин на огнот и започнувањето на реален политички процес, се вели во пораката.

Двајцата претседатели изразија поддршка за напорите на двете работни групи – за прекин на огнот и за хуманитарни прашања.

Претседателот Владимир Путин изјави дека се потребни работни контакти меѓу претставници на министерствата за одбрана на Русија и САД, кои ќе овозможат да се води поуспешна борба против терористичката група “Исламска држава”.

(ВИДЕО) Завојуваа Турција и Сирија- се гаѓаат артилериски

Путин повторно повикал за создавање на обединет антитерористички фронт и откажување од двојни стандарди, се додава во соопштението.

По прашањето за Украина Путин изрази надеж дека “Киев ќе преземе практични чекори за исполнување на обврските од Минскиот договор, вклучувајќи за директен дијалог со Донбас, прогласување амнестија и вршење на уставни реформи, усогласени со претставници од Донецк и Луганск, и стапување во сила на законот за посебен статус “, посочува уште Кремљ.

Слични содржини