Руски бизнисмен од Санкт Петербург обезбедил имот на неколку жени во Русија, кои имаат едно нешто заедничко. Тоа е Владимир Путин, пренесува “Ројтерс”.

655-402-putin

Една од жените е помалата ќерка на Путин, други две се роднини на жената за која руските медиуми тврдат дека е пријателка на Путин, иако претседателот категорично негира дека има каква и да е врска. Четвртата жена е поранешна студентка,која позираше за календар по повод роденденот на претседателот.

Сите имоти се во луксузни затворени комплекси во и околу Москва. Малку познатиот бизнисмен е 47-годишниот Григориј Баевски. Тој е соработник на долгогодишен пријател на Путин, бизнисменот Аркадиј Ротенберг. Ротенберг беше меѓу првите руски бизнисмени, на кои беа наметнати санкции поради руските акции во Крим.

Проверки на регистрите покажуваат дека компаниите во кои Баевски е косопственик, имаат освоено најмалку 6 милијарди рубљи (89 милиони долари) од договори за државни набавки во областа на градежништвото во последните две години.

Крис Хемсворт: Јас сум феминист

Врските на Баевски со Путин беа откриени од новинарот Роман Анина, кој прави студија за источноевропската медиумска мрежа “Проект за давање на сигнали за случаи на организиран криминал и корупција”.

Баевски е поранешен гувернер на имотот на државна компанија во Санкт Петербург. Тој почнува бизнис со Аркадиј Ротенберг во 2011 година и е директор во инвестициската компанија на Ротенберг Руска холдинг компанија до 2014 година

Истрагата на новинарот Анина покажала дека во 2013 година Баевски ја префрлил сопственоста на куќа и терен во борова шума во Успенское, во регионот на Москва, на Ана Зацепилина. Тоа е 81-годишната баба на Алина Кабаева, поранешната олимписка шампионка во гимнастика, за која медиумите тврдеа дека има врска со Путин. Успенское е едно од местата во Русија со највисоки цени на имотите.

Во 2009 година Баевски ја префрлил сопственоста на стан на улицата “Вересаева” во московско предградие на Лејсан Кабаева, сестра на Алина.

Минатата година Баевски префрлил друг стан во луксузен затворен комплекс во Москва на 23-годишната поранешна студентка по меѓународни односи Алиса Харчова.

Цена на трансакцијата не е наведена. Харчоова беше дел од група студенти од Московскиот универзитет, кои направиле календар по повод роденденот на Путин во 2010 година

putin mace

Харчова се снима за страницата за месец април на календарот. Две години подоцна таа позира за фотографија, на која држи мачка и фотографија на Путин. Оваа слика таа ја закачи во блог и напиша под неа “Едно маче за Путин”.

Во ноември 2012 година Катерина Тихонова, за која се верува дека е најмладата ќерка на Путин, го пријавила за свој дом стан, сопственост од Баевски. Таа ја користела адреса на станот, кога пополнувала документи за регистрација на заснована од неа приватна Фондација за меѓудисциплинарни иницијативи во природните и хуманистичките науки. Засега не е јасно дали Тихонова живеела во станот и дали плаќала кирија за него. Таа се наоѓа на околу 6,5 километри од официјалната резиденција на Путин.

Од “Ројтерс” побарале мислење од четирите жени спомнати во истрагата на новинарот Роман Анина.

Тихонова не одговорила на барањето. Бабата на Алина Кабаева не била отворена за коментар. Сестрата на Кабаева одбила да одговара, а поранешната студентка рекла дека купила стан преку агенција за недвижности и плаќа хипотека за него. Запрашана дали врските нејзини со Путин помогнале да се здобие со ова живеалиште од Баевски, таа одговорила дека досега никој не и поставил слични глупави прашања.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков коментира дека нема идеја кој е Баевски. Тој додава дека Путин исто така не познава таков човек.

Слични содржини