Рамо до рамо со Хоакин Феникс: Лејди Гага ги потврди гласините за „Џокер 2“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Лејди Гага го потврди она што долго време се шпекулира. Имено, таа ќе се приклучи на екипата на филмот „Џокер 2“ и ќе го дели кадарот со Хоакин Феникс.

Продолжението на „Џокер“, психолошкиот трилер награден со Оскар, ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија „Ворнер Брос“.

Хоакин Феникс (47) повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер“ кој ќе го режира Тод Филипс, пренесува „Ројтерс“.

Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019 година за улогата на Џокер.

Магазинот Variety објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а гласините дека Лејди Гага ќе се појави во продолжението како Харли Квин ги потврди и самата пејачка на својот Твитер профил објавувајќи краток тизер од филмот.

Слични содржини