Рангелова: Уценетите луѓе мора да пеат, пеј Мицко ама до кога?!

Екс пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, попладнево се огласи на социјалните мрежи каде го изрази своето незадоволство во рамки на актуелното раководство на партијата и неуспесите кои во низа ги реди актуелниот лидер, Христијан Мицкоски.

„Дали може да му се верува на овој човек???
Ни Владата падна, ни тој успеа да обезбеди ново мнозинство, за жал!
Пак уште една нова лага, во низата измислици на Мицкоски!!!
Само едно е во право!
“УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ МОРА ДА ПЕАТ КАКО ШТО ИМ Е КАЖАНО!!!
ПЕЕЕЕЈ МИЦКОСКИ, НО ДО КОГА???“, се вели во фејсбук објавата на Рангелова.
Инаку за потсетување, ваквите реакции се предизвикани, откако неочекувано премиерот, Зоран Заев денес побара гласање за доверба на Владата, која на собраниската седница беше изгласана со 62 пратеници.

Слични содржини