Раскинаа Емили Ратајковски и Пит Дејвидсон: Манекенка „уловена“ со уметник (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Емили Ратајковски и комичарот Пит Дејвидсон започнаа романса во ноември, но таа веќе пропадна, пренесува „Page Six“.

Манекенката се разведе во јули, а врската со комичарот стана позната откако беа видени заедно на натпревар.

Неодамна се појавија фотографии на кои таа се бакнува со уметникот Џек Грир, додека се шпекулираше дека Пит е во врска со колешката Чејс Сју Вондерс.

Да потсетиме, Пит раскина со Ким Кардашијан минатата година, а Емили годинава се разведе од продуцентот Себастијан Бур МекКлард поради неговото наводно неверство.

Слични содржини