Раскинуваат Роналдо и Џорџина? Нивната разделба ќе го чини 350 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska

Светските медиуми на големо пишуваат за тоа дека Роналдо и неговата животна сопатничка нема да останат заедно, а за тоа тој ќе плати висока цена.

Португалската телевизија CM објави дека фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез се пред разделба. Но, секако дека тоа нема да биде безболно за Португалецот бидејќи имаат потпишано договор според кој треба да ѝ исплати 350 милиони евра доколку се разделат. Тој договор бил постигнат кога почнале да живеат заедно и решиле да имаат биолошки деца, но изгледа дека љубовта пукнала и нема враќање назад.

„Роналдо уште сега го боли глава од сумата која треба да ѝ ја исплати на Џорџина доколку раскинат. Таа тогаш би останала без некои привилегии, како што се приватен авион, скап возен парк, месечен додаток, но сигурно нема да има финансиски проблеми. Парите се најголемата причина за проблеми и расправии во нивната врска. Роналдо не поднесува тоа што таа постојано троши пари на глупости“, изјави добро информиран извор и додаде дека Роналдо има богатство од една милијарда евра.

Според тврдењата на CM, славниот фудбалер се заситил од својата партнерка бидејќи таа почнала премногу да се фокусира на себе, а помалку на семејството и децата. Поради проблеми на домашен терен почнал почесто да ги губи нервите на теренот, со тренерот, со ривалите и соиграчите, а се уште не се знае како ќе заврши оваа драма за Кристијано и неговата поубава половина.

Да потсетиме, медиумите пишуваат дека саудискиот Ал Наср ќе му плати околу половина милијарда евра за неговиот престој на Блискиот Исток.

Слични содржини