Расте бројот на жртвите во Прага: Најмалку 15 загинати во пукањето на факултетот

од Radmila Tasevska

Најмалку 15 лица загинаа, а 24 се ранети во денешната масовна престрелка на Факултетот за уметности во Прага, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти и дека го убила напаѓачот.

Спасувачите згрижија единаесет тешко повредени, а бројките сепак може да се менуваат, предупредуваат тие.

Сите повредени се префрлени во болниците во Прага, а некои од болниците потврдиле дека примиле лица со прострелни рани.

Инаку, полицијата го поврза масовниот убиец од Прага со случајот со насилната смрт на Кладно, каде Козински наводно го убил својот татко во семејната куќа.

Потоа, како што јави чешкиот портал Новинки, стана јасно дека бараниот е тој што попладнето на Филозофскиот факултет во Прага уби петнаесет и повреди неколку десетици луѓе.

Слични содржини