Реакцијата на Меси кога го виде Роналдињо на теренот стана вирална (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лионел Меси започна да ги прави работите што се очекуваат од Лионел Меси. Неверојатниот Аргентинец му донесе на Пари Сен Жермен победа против Лајпциг со два гола во вторникот вечерта во натпреварот од Лигата на шампионите (3:2).

Поттик имаше и од стар пријател – Роналдињо – кој го посети на теренот пред натпреварот!

Одличното видео беше снимено пред почетокот на натпреварот на „Паркот на принцовите“, кога поранешните соиграчи во Барселона повторно се сретнаа по долго време.

Меси веднаш се воодушеви кога го виде Роналдињо како му се приближува, а потоа се прегрнаа и кратко разговараа.

Ова видео веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека Лео изгледа како да го видел својот постар брат.

Роналдињо беше првиот што зборуваше за Меси како следниот најдобар играч на светот кога Аргентинецот штотуку се појави во првиот тим на Барселона, и кој веднаш го „зеде под свое“ во каталонскиот клуб.

Интересно е што кариерата на Меси отиде во спротивна насока од патот што го имаше Бразилецот – Роналдињо пристигна во Барса од ПСЖ, додека Лео од Барса замина во ПСG.

Слични содржини