Рецепт на Џејми Оливер за совршено тесто за пица

од Stefanija Kuzmanovska

Светски познатиот готвач Џејми Оливер има рецепт за совршено тесто за пица кое секој пат ќе биде крцкаво, сочно и вкусно.

Состојки:

-половина килограм брашно
-прстофат сол
-една кесичка сув квасец
-две лажици маслиново масло
-лажичка шеќер

Подготовка:

Во длабок сад измешајте брашно и сол. Во чаша топла (не врела) вода измешајте квасец и шеќер и оставете околу 5 минути да нарасне квасецот. Потоа ставете го во садод со брашното и солта, додадете уште 300 мл вода и масло и месете со раце додека не добиете совршено мазно тесто.

Тестото префрлете го во поголем сад, посипете го со брашно и покријте го со крпа. Ставете го на топло место и почекајте околу еден час тестото да нарасне.

Откако ќе помине еден час, извадете го тестото и гмечете го со раце за да излезе воздухот од него. Тестото можете да го употребите веднаш или пак да го завиткате во фолија и да го ставите во фрижидер.

Слични содржини