Рецепт за брауни колач

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

200 гр чоколадо за готвење
100 гр шеќер
150 гр путер
4 јајца
150 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
30 гр бадеми

Подготовка:

Јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер се матат пенесто, се додава омекнат путер стопен со 150 гр чоколадо за готвење. Внимавајте смесата да не е врела.

Потоа додадете брашно помешано со прашок за пециво и на крај додадете сечкани бадеми.

Остатокот од чоколадото изрендајте го и додадете го во смесата.

Смесата истурете ја во подмачкана тава и печете околу 25 минути на 200 степени.

Слични содржини