Рецепт за брзи пецива

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 250 гр свежо сирење (крем сирење)

– 30 гр путер

– 100 мл млеко

– 1 јајце и 1 белка

– 320 гр брашно

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– 1 лажичка сол

– малку шеќер

За премачкување:

– 1 жолчка, малку млеко

Подготовка:

Малку загрејте ги путерот и млекото, за да бидат млаки, па додајте го брашното како и сите останати состојки и убаво измешајте. Тестото ставете го на набрашнета површина и поделете го на 12 еднакви делови.

Формирајте топчиња на плех и оставете ги да отстојат 15 минути.  Потоа секое пециво премачкајте го со мешавина од жолчка од јајце и млеко и посипете со семки по вкус.

Ставете ги во ладна рерна, па вклучете ја на 200 степени и печете додека убаво да порумени, околу 25 минути.

Слични содржини