Ред Бул: Новиот мотор го спаси викендот на Макс

од Vladimir Zorba

Светскиот шампион Макс Верстапен доби нов погонски агрегат за вчерашната трка за ГН на Унгарија, откако остана без моќ во квалификациите и заврши на 10. место. Со новиот мотор, Макс забележа победа вчера, а тимскиот шеф, Кристијан Хорнер потврди дека алтернативата била Верстапен да отпадне на почетокот на трката.

„Го сменивме погонскиот систем на Макс бидејќи во саботата откажа една компонента во него“, објасни Хорнер. – Признавам дека сме задоволни што овој дефект се случи во саботата, бидејќи во спротивно моторот ќе откажеше 12 километри подоцна, најверојатно меѓу боксот и гридот или набргу по стартот. Решивме да го замениме целиот погонски систем наместо да го поправиме. Како мерка на претпазливост, решивме да го смениме и погонот на болидот на Перез“.

Макс успеа да се избори од 10-тото место до победата вчера, но Хорнер потврди дека светскиот шампион има технички проблеми – главно спојката што го натера да се сврти од кривината 13 набргу откако го престигна Леклер.

„Имавме проблем со спојката во болидот на Макс, но тој успеа да се справи со тоа“, објасни Хорнер. – Покрај тоа, болидот на Макс во еден момент почна да се прегрева, затоа и тој падна зад Саинц по првите застанувања во боксот. Но после тоа Макс беше многу брз“.

Слични содржини