Реџепи: И Села не сака Левица да биде дел од новото мнозинство

од Nikola Popovski

Пратеникот Скендер Реџепи вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги добило изборите на нивни грб бидејќи се претставиле како едно поинакво ВМРО.

-Сепак тие и ги изгубија изборите баш поради оваа коалиција, вели тој во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, претседателот на АА, Зијадин Села му кажал дека не доаѓа во предвид Левица да биде дел од ова мнозинство.

-Јас мислев дека во тоа мнозинство ќе бидат БЕСА и ЛДП, бев прелажан. Народот кој ме гласал не ми дал мандат да седнам на иста маса со Левица која е антиалбанска партија, анти-НАТО и анти-ЕУ, порача Реџепи.

Слични содржини