Реџепи пред да биде убиен напишал дека не сите умираат машки

од Vladimir Zorba

Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово,а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката. 

Меѓу повредените лица,според очевидци,е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата, јави дописникот на МИА.

Основното јавно обвинителство Тетово синоќа соопшти дека во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.

Од СВР Тетово за МИА изјавија дека во текот на ноќта приведени се уште две лица кои се сомничат дека биле дел од групата која учествувала во претстрелката.

Во Клиничка болница Тетово биле донесени две лица со прострелни рани,од кои едното починало.

МВР денеска на прес-конференција се очекува да соопшти повеќе детали во врска со инцидентот во Мала Речица.

Приведени по вооружениот инцидент во Мала Речица каде е убиено едно лице

 

 

Еден од последните Фејсбук статуси на Наим Реџепи најверојатно укажува на фактот дека меѓу членови на политичката партија ДУИ или пак меѓу други лица постоела можност за конфликт и ваков за жал трагичен развој на настаните.

Наим Реџепи неодамна напишал дека „Сите се раѓаат машки, но не секој умира како маж“, говорејќи за смелоста, можносто предавство и притисоците од надворешноста.

Високиот функционер од Куманово бил еден од кандидатите за претседател на партискиот огранок токму во овој град, но вчера падна како жртва во вооружена престрелка во Мала Речица.

Тој е втора жртва од кумановскиот општински огранок на ДУИ, откако Џемаил Реџепи алијас Командант Шќипоња беше застрелан во неговиот автомобил.

 

Слични содржини