Реџепи-Зејд: Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата

од Nikola Popovski

Пратеникот од Алијанса, Скендер Реџепи-Зејд денеска најави дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат нова иницијатива за гласање недоверба на Владата. Во однос на изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека тоа не е можно во наредните 90 дена, Реџепи вели дека тоа е политичка изјава.

– Џафери може да дава политички изјави, но таа не е правно издржана. Неговата изјава правнички ќе се толкува. Во партијата наскоро пратениците на Алтернатива ќе ги стават потписите на новата иницијатива за гласање на недоверба на Владата и потоа во координација со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до пратеничките групи, изјави Реџепи за „Слободен печат“.

Слични содржини