Реисот се закани: Ако Владата не ни даде помош, ќе ги повлечам сите забрани за посета на џамиите

од Берта Китинска

Ќе ги повлечеме повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош, вакви закани упати поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи, во гостување на емисија на верска организација.

Реџепи вели дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат нивниот дел од помошта. Тој додава дека досега немаат одговор од владата.

– Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата… рекол Реџепи.

Слични содржини