[РЕЦЕПТ] Класични крофни

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 коцка жив квасец
2 лажици сол
1 лажиче шеќер
400 мл вода
500 г брашно
150 г шеќер во прав60eebf110c2f18c4cdc94293cfcb3d2e

Подготовка:
Квасецот се раствора во малку топла вода. Откако ќе се раствори се додаваат солта, шеќерот, остатокот вода и брашното. Се замесува меко тесто.
Тестото се остава да нарасне. Потоа се обликуваат топчиња со големина и форма по желба. Пуштајте ги оформените мекици во загреано масло на силна температура.
Готовите крофни посипете со шеќер во прав и сервирајте.

Забелешка : Добро е маслото за пржење да е големо количество – толку за крофните да пливаат во него, за да се распоредат рамномерно и да не се лепат.

Слични содржини