[РЕЦЕПТ] Печен лосос со салца од авокадо

од Vladimir Zorba

Состојки:
4 филети лосос
1 лажица маслиново масло
1 лажичка толчен ким
1 лажичка црвен сладок пипер во прав
сол по вкус
бибер по вкус
За салцата од авокадо:
2 парчиња авокадо
1 мала глава црвен кромид
сокот од два лимони
неколку страка магдонос
сол по вкус
ad12783d044691bfd4e8f292a3e8b257Подготовка:
Во чинија измешајте ги солта, црвениот и црниот пипер, чили пипер, кимот, кромидот. Додадете го маслиновото масло кон нив. Со добиената паста намачкајте ја рибата и ставете го во добро загреана грил тава. За секоја страна ќе бидат потребни околу 3-4 минути.
За да ја направите салцата, извадете го дебелиот дел од авокадото и ставете го во сад. Истолчете го и додајте во него ситно сецкан кромид, сок од лимон и ситно исечкан магдонос. Добро промешајте. Служете ја рибата со гарнир по желба и додадете во чинијата од салцата.

Слични содржини