[РЕЦЕПТ] Посен леб со маслинки

од Vladimir Zorba

Состојки:
200 мл топла вода за квасецот
1 пакет сув квасец
брашно колку  за меко тесто
1 лажичка сол
2 лажици шеќер
4 лажици маслиново масло или путер (ако не постите)
150 г маслинки6a5cf0d91fdeccb29ef2f9f4399f7613

Подготовка:
Во голем сад расквасете го брашното. Кон него ставете ги солта, шеќерот и маслиновото масло и добро промешајте. Потоа ставете го растворениот квасец. Замешајте добро и додавајте постепено брашно, додека не се добие меко тесто. Откако ќе го замесите ставете во сад или тава, покријте го со крпа и оставете го да нарасне за 40 минути, на топло.

Откако тестото е нараснато, посипете го со сецкани маслинки. Започнете повторно да месите додека маслинките не се распространат во него рамномерно. Ставете го во тава, намачкајте со масло и нежно набрашнете и печете во загреана рерна на 200 степени.

Слични содржини