Рецепт за вкусен чиа пудинг кој го чисти дебелото црево

од Elena Daskalova

Предноста на чиа пудингот, освен тоа што лесно се подготвува, е и во тоа што може да биде навистина хранлив појадок кој го олеснува празнењето на цревата.

За една порција, потребно е:

2 лажици чиа семе
2 лажици џем по избор
4 суви сливи
Неколку ореви
2 лажици сецкани јатки

Подготовка:

Прелијте ја чиата со топло млеко. Ако сакате да намалите на калории, можете да подготвите со топла вода. Измешајте и оставете да набабрат семките. Мешајте неколку пати, за да не се создадат грутки.

Овошјето од џемот, кој содржи пектин, во комбинација со чиата, ќе предизвикаат лесно празнење и прочистување на цревата. Во тоа ќе помогнат и исецканите суви сливи. Јатките ќе ја додадат потребната количина масти во овој појадок, но и значајно ќе го збогатат вкусот.

Секој ден можете да подготвувате различни варијанти, додавајќи какао, банана, суви смокви, брусница…

Слични содржини