Резултати од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“: „Младите можат“ истражуваа во Карпош, Аеродром и Ѓ.Петров

Организацијата „Младите можат“, денес ќе имаат своја презентација на резултатите од истражувањето насловено „Потребите на младите на локално ниво“, а спроведено и се однесува на општините Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров.

Здружението „Младите можат“, посочуваат дека истражувањето е направено во декември минатата календарска година, а дава резултати во рамки на повеќе области, меѓу кои: волонтерство и граѓански активизам; предизвици на младите во општината; младински политики и застапување; отвореност и поддршка на општините за млади и младите во време на пандемијата Ковид-19.

Презентацијата на резултатите ќе биде преку платформата „Зум“. а, како гости говорници на настанот, организаторите ги најавуваат градоначалниците на трите општини – Стефан Богоев, Александар Наумоски и Златко Марин.

Слични содржини